24фудбал

По дебаклот од ПСЖ, раководството на Монако најде начин како да им се извини на своите навивачи

На Монако му се случи голем срам на дербито во Франција.

Франција

ПСЖ викендов ја потврди титулата во најсилниот француски фудбалски шампионат, а тоа го направи на шампионски начин, совладувајќи го својот најголем ривал сезонава, Монако, со убедливи 7-1 на домашен терен.

Монако беше очаен на вчерашното гостување, а раководството на клубот донело одлука со кое на некој начин сака да им се извини на оние навивачи кои патуваа седум часа за да го бодрат својот омилен клуб на дербито во Париз, па така, клубот ќе им ги рефундира трошоците за билетите за тој натпревар.