24фудбал

Рома со најголем профит од Лигата на шампионите

Италијанскиот клуб си ги наплати одличните резултати кои ги забележа, барем досега во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Рома е на некој начин сензација во овогодинешната Лига на шампиони, особено по фактот што ја елиминира Барселона, која беше една од главните фаворити за европската титула, а тимот од Рим може да се пофали дека има најголема заработка од елитното европско клупско натпреварување сезонава.

Тимот од Рим има остварено заработка од 82 милиони евра, вклучувајќи ги сумите добиени на основ на бонус за победа, пласманот, како и заработката од ТВ правата, тоа е за четири милиони евра повеќе во однос на италијанскиот првак Јувентус.

Од останатите, Ливерпул од англиските претставници има најголема заработка со 66 милиони евра, следат Челси со 64, односно Манчестер Сити со 62 милиони евра, јунајтед има 39 милиони евра. Тотенхем оствари 60 милиони евра.

Што се однесува пак до шпанските гиганти, Реал Мадрид има остварено 71, додека пак Барселона 57 милиони евра.