24фудбал

Галијани: Мајкл Оливер е идиот!

Адриано Галијани смета дека Мајкл Оливер не ја разбира фолозофијата на фудбалот и вели дека тој е идиот што досуди пенал за Реал Мадрид во 93. минута.

Лига на Шампиони

Иако помина веќе една недела од натпреварот, реакциите за досудениот пенал за Реал Мадрид и црвениот картон на Буфон не стивнуваат. Последните критики за Мајкл Оливер доаѓаат од Адриано Галијани.

„Јувентус заслужи да го победи Реал Мадрид. Пеналот беше дискутабилен, плус исклучувањето на Буфон беше смешно, тоа покажува дека судијата не ја разбира фудбалската филозофија. Да заклучиме, судијата е идиот“, изјави поранешниот извршен директор на Милан.