24фудбал

Голема прослава на третолигашот кој има можност во финалето од Купот на Франција да ги одмери силите со ПСЖ (ВИДЕО)

Едно беше сигурно, еден третолигаш од двата претенденти ќе добие прилика да настапи во големото финале, таа среќа му се погоди на Лес Хербиерс.

Франција

Третолигашот Лес Хербиерс успеа да се пласира во големото финале од францускиот Куп каде мошне веројатно ќе ги одмери силите против една од најдобрите екипи, а воедно и најбогати во светот, ПСЖ, кој вечерва игра против Каен.

Поради фактот што својата арена има капацитет за 5.000 гледачи, мечот против третолигашот Шамбли го одигра на стадионот на Нант, а истиот го следеа 35.000 гледачи.