24фудбал

Роналдо со личен рекорд го спаси Реал од пораз (ВИДЕО)

Атлетик Билбао речиси цел натпревар водеше против Реал Мадрид на негов терен но на крајот Роналдо донесе бод за својот тим и изедначи личен рекод.

Шпанија

Со убав гол на Инаки Вилијамс уште во 14. минута Атлетик Билбао поведе со 1-0 на гостувањето кај Реал Мадрид.

Гостите долго време го чуваа водството, а Реал Мадрид се обидуваше да дојде до изедначување.

Тоа конечно се случи во 87. минута, Лука Модриќ шутираше, Кристијано Роналдо ја допре топката и таа влезе во голот за изедначување на 1-1.

Ова за Роналдо беше 12. натпревар во серија како постигнува гол, со што изедначи еден негов личен рекорд.