24фудбал

Гачевски има што да му каже на Муслиу кој пееше: Ајде Вардар пуши ми го к**от

Шкендија вчера го победи Вардар на арената „Филип Втори“ и дојде само на еден чекор до титулата во македонската Прва лига, ден по мечот во центарот на вниманието е Висар Муслиу.

Македонија

Шкендија со 3-2 го победи најголемиот ривал Вардар, во следното коло треба да не загубат од Шкупи и да ја заверат титулата.

Висар Муслиу настапуваше во Вардар во европските квалификации и групата од Лига Европа по што премина во Шкендија. Избори место и во репрезентацијата на Македонија како играч на Вардарци. Вчера му даде гол на Вардар, а по триумфот заедно со останатите негови соиграчи во соблекувалната скандираше „Ајде Вардар пушти ми го к**от“.

Голманот на Вардар, Филип Гачевски имаше што да му каже на Муслиу по ваквото непочитување на својот поранешен клуб.

„висар муслиу“Те гледам на инстаграм ставаш видео Вардар Вардар пуши ми го к... Не ти е срам, ти си еден голем срам, човек без душа, ти заборави дека Вардар те направи репрезентативец, ти кога дојде во Вардар не си постоел на мапа, срам голем за тебе е што браниш бои за репрезентација... ГОСПОД е голем и Вардар е институција - запамти Вардар е Македонија“, напиша Гачевски на својот фејсбук профил.

Фото: ФК Шкендија