24фудбал

Ковач може да освои трофеј против Баерн пред да им стане тренер

Интересно сценариот во Купот на Германија, идниот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач со својот Ајнтрахт ќе игра во финалето против Баварците.

Германија

Нико Ковач од следната сезона ќе го превземе кормилото на Баерн Минхен, но пред да се случи тоа ќе сака да го победи во финалето од Купот на Германија.

Вчера Ајнтрахт Франкфурт го шокираше Шалке победувајќи го на негов терен со 1-0 со што избори пласман во финалниот меч.

Ковач и лани со Анјнтрахт играше во финалето на Купот на Германија, тогаш загуби од Борусија Дортмунд со 2-1, а сега ќе цели на победа против својот следен клуб.