24фудбал

Манчестер јунајтед ја одреди цената на Погба, Рајола веќе остварил неколку контакти но еден клуб се издвојува

Денешното издание на Дејли Мејл одново има топ сторија за иднината на Пол Погба, весникот пишува дека „Црвените ѓаволи“ ја одредиле цената на Французинот за кого бараат помеѓу 120 и 140 милиони фунти

Англија

Дејли Мејл пред неколку дена објави спектакуларна вест и пренесе дека Жозе Мурињо побарал најкапиот фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед да биде продаден.

Весникот сега се надоврзува на оваа вест и пишува дека „Црвените ѓаволи“ ја одредиле цената на Французинот. Најтрофејниот клуб од Англија бара помеѓу 120 и 140 милиони фунти за играчот кој пред две години го платија 89 милиони фунти (105 милиони евра).

Дејли Мејл сепак потенцира дека лидерите на клубот се уште не се убедени дека ова е исправен потег и се надеваат дека Жозе Мурињо и Пол Погба ќе можат да ги „испеглаат“ недоразбирањата.

Но шансите за ова во моментов се многу мали, тренерот на Манчестер јунајтед и фудбалерот практично и да не разговарале оваа недела, и „Специјалниот“ се повеќе е фрустриран од однесувањето на Пол Погба. Ситуцијата е налик на онаа кога Сер Алекс Фергусон го продаде Дејвид Бекам во 2003.

Во меѓувреме, неколку извори пренесоа дека Мино Рајола веќе разговарал со неколку клубови, а најголем интерес пројавил ПСЖ. „Светците“ сепак ќе треба да почекаат и да видат што ќе каже УЕФА и деталната анализа на европската куќа на фудбалот по спектакуларните трансфери на Нејмар и Мбапе.

Шампионот на Франција би можел да биде санкциониран поради прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.