24фудбал

Шпанец е првиот пик на Арсенал за наследник на Арсен Венгер

Дејли Мејл вечерва пренесе дека едно име се одвојува во трката за наследник на Арсен Венгер, прв пик на „Топчиите“ е поранешниот предводник на Барселона, Луис Енрике

Англија

По соопштението дека Арсен Венгер се повлекува по крајот на сезоната, медиумите набројаа еден куп имиња како можни наследници на Французинот на кормилото на „Топчиите“.

Според Дејли Мејл, изборот на Аррсеал паднал на поранешниот предводник на Барселона, Луис Енрике.

Весникот вели дека преговорите помеѓу двете страни се во напредна фаза и како што стојат работите во моментов, Шпанецот е најблиску до столчето на Емирати.

Зад овој потег стои новиот директор на Арсенал за фудбал, Раул Санљехи, кој е во добар однос со стратегот од времето во Барселона.