24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Барселона атакува на четвртиот трофеј од Копа дел Реј во низа

„Каталонците“ ќе се обидат да ја комплетираат и втората половина од двојната круна, против Севиља ќе атакуваат на трофејот од Копа дел Реј, кој ќе биде четврти во низа

Останато

Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.

Севиља – Барселона: Победа на гостинот

На Ванда Метрополитано во Мадрид, Севиља и Барселона ќе се борат за трофејот од Копа дел Реј. „Каталонците“ се надеваа на тројна круна, но по срамниот пораз од Рома во Рим ќе мора да се задоволат само со двојна титула под услов вечерва да се справат со незгодната Севиља со оглед на тоа дека шампионскиот наслов во Шпанија практично им е осигуран. „Каталонците“ во последните три години го освојуваат Купот, па и вечерва се голем фаворит и многумина веќе ги гледаат избраниците на Валверде како го подигнуваат пехарот. Двајцата тренери направија големи измени во составите минатото коло за да ги одморат најдобрите играчи за оваа пресметка, па се очекува возбудлив дуел. Ако се суди според минатите натпревари, фудбалските љубители ќе треба да видат неколку голови на Ванда Метрополитано. На 16 дуели во сите натпреварувања помеѓу Барса и Севиља донеле 63 погдока, што во просек значи скоро 4 гола по натпревар. Дури на 12 од овие 16 пресметки двата тима постигнале гол. „Каталонците“ се радувале на крајот од 13 од овие мечеви, па за очекување е сличен натпревар и покрај тоа што се работи за финале и можно е малку попретпазлива игра.

Манчестер јунајтед – Тотенхем: Победа или реми за домаќинот

Во провото полуфиналето од ФА Купот, Манчестер јунајтед се среќава со Тотенхем. И покрај тоа што „Спарси“ официјално се водат како гостин за овој натпревар на неутрален терен, тие практично се домаќини бидејќи цела сезона настапуваат на Вембли поради реконструкцијата на Вајт Харт Лејн. Натпреварот е од голема важност за двата тима. Манчестер јунајтед ќе се обиде колку толку да ја спаси сезоната со трофеј од Купот, а Тотенхем ќе се обиде да се радува на првиот трофеј по 2008. Маурисио Покетино ги трансформираше „Спарси“ во една од најдобите екипи во Англија, на чекор е две сезони по ред да ги однесе во Лигата на шампионите, но за впечатокот да биде поголем, потребен е медал. Тотенхем го има лекот за „Ѓаволите“ кога играат пред своите фанови, добија три пресметки во серија на домашен терен, вклучувајќи ја и последната која се одигра токму на Вембли. Ериксен тогаш погоди по десетина секунди, а за маката на Јунајтед да биде поголема, Џонс со комичен автогол потоа ги реши сите дилеми околу победникот. Но Жозе Мурињо е мајстор за освојување трофеи, особено кога неговиот тим не е во топ форма, па ова му дава мала предност на Манчестер јунајтед.

BET-IBC исто така ви нуди шанса да се обложувате на најдобрите коефициенти.

Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен: Двата тима постигнуваат гол

31. коло од Бундеслигата го носи дербито помеѓу Борусија Дортмунд и Баер Левекузен, два тима кои имаат за цел топ четири финиш и настап во Лигата на шампионите и се изедначени со по 51 бод. „Милионерите“ во моментов се трети на табелата а „Фармацевтите“ се четврти поради гол разлика. Гостите пред неколку дена беа демолирани во полуфиналето од Купот на Германија, загубија пред своите фанови со 2-6 во дуелот со Баерн, па избраниците на Херлих ќе се обидат да го подобрат впечатокот со одлична партија на Сигнал Идуна Парк. Но и домаќините имаат за што да се искупуваат откако минатото коло загубија од лутиот локален ривал Шалке во големото дерби на Рур. Борусија Дортмунд за овој натпревар ќе биде ослабена со неиграњето на Миши Батшуаји, кој играше во одлична голгетерска форма по преселбата од Челси. Но Штегер на располагање има доволно талент и квалитет и офанзива составена од Ројс, Ширле, Геце и Пулишиќ делува застрашувачки. Но и гостите имаат своја „Фантастична четворка“ составена од Бејли, Бранд, Хаверц и Фоланд. Со ваква офанзива тешко е да се замисли дека ќе нема голови, последен пат меч помеѓу овие два противника завршил 0-0 во Дортмунд во 1986!. Последната пресметка на Сигнал Идуна Парк донесе осум погодци и победа на домаќините од 6-2 па фудбалските љубители немаат ништо против да видат уште еден ваков натпревар.

Милан – Беневенто: Победа на домаќинот

„Росонерите“ вечерва ќе се обидат да ја забележат првата победа по пауза од еден месец, на Сан Сиро гостува фенерџијата Беневенто. „Вештерките“ имаат долг за наплаќање откако во првиот натпревар на Џенаро Гатузо на кормилото на Милан, со гол во 95. минута го шокираа фаворитот и стигнаа до првиот бод во Серија А. Домаќините можеби ги загубија шансите за настап во Лигата на шампиони откако на последните пет меча загубија еднаш и имаа четири нерешени исходи. Сепак останува битката за Лига Европа и Џенаро Гатузо потенцираше дека „Росонерите“ мораа да обезбедат настап во Европа, но не само тоа, стратегот сака да се избегнат почетните кола од квалификациите за да има повеќе време за подготовки пред почетокот на новата сезона. Милан е апсолутен фаворит и се освен три бода за домаќините ќе биде големо изненадување. „Росонерите“ оваа сезона се тимот кој постигнува најмногу погодоци во првите 10 минути од натпреварите (седум) па за очекување е уште еден ваков натпревар во кој избраниците на Рино рано ќе поведат и ќе ги решат дилемите околу победнникот уште во првото полувреме.

Бидете број 1 во обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка со најдобриот Азиски брокер за обложување.