24фудбал

Балотели ги разочара навивачите на Ница: Останаа уште само пет натпревари... (ФОТО)

Италијанскиот напаѓач остави една големадилема зад себе.

Франција

Марио Балотели мина две години во дресот на францускиот прволигаш Ница, на кои забележа 46 настапи, а воедно постигна и 29 погодоци.

На пет кола до крајот на француската Лига 1, 27 годишниот италијански напапач упати благодарност до фановите на Ница за големата поддршка која му ја пружиле, но за момент остави и дилема зад себе.

Познато е дека постои веројатност Балотели да се врати во Серија А, се споменуваат Наполи и Рома како заинтересирани екипи за неговиот потпис, но тој во својата порака на социјалните мрежи истакна дека ова не е збогување бидејќи ништо не се знае за иднината.

Поминаа две прекрасни години, им благодарам на сите, останаа уште пет натпревари (ова не е збогување, никогаш не знаете што носи иднината, сакав само да се заблагодарам)“ напиша Балотели чиј договор со Ница истекува ова лето.