24фудбал

ВБА му откина два бода на Ливерпул (ВИДЕО)

Реми на првата средба за денеска во рамките на редовното 35 коло од англиската Премиерлига.

Англија

Ливерпул е еден чекор назад во однос на освојување на посакуваното второ место во финишот од сезоната во Премиерлигата, откако ремизираше на гостувањето кај ВБА со 2-2, а имаше капитална предност од 0-2.

Ингс уште по само четири минути игра го доведе тимот на Јирген Клоп во водство од 0-1, а со оваа предност Ливерпул замина на паузата. Во второто полувреме Салах во 72. минута погоди за 0-2.

Ливерпур по седум минути намали на 1-2, а конечните 2-2 ги постави Рондон на две минути пред истекот на регуларните 90 минути игра.


На табелата Ливерпул има 71 бод, три помалку во однос на Манчестер јунајтед кој подоцна (18,15 часот) на домашен терен го пречекува Борнмут.

ВБА го очекува невозможна мисија во последните три натпревари за да обезбеди опстанок, моментално Свонси, кој е на 17 место кое обезбедува опстанок, има предност од цели осум бода, што е реално да се каже дека следи невозможна мисија за тимот на ВБА во продолжение.