24фудбал

Судијата не го виде, но камерите ја уловија оваа неверојатна ситуација: Ингс доби бокс од Хегази, ВБА доби прекршок! (ВИДЕО)

Сигурно дека египетскиот фудбалер ќе добие суспензија од страна на ФА по тоа што му го стори на фудбалерот на Ливерпул.

Англија

Дени Ингс го прекина долгиот пост за Ливерпул, но за тоа требаше да се помачи откако постигна гол во ремито на Ливерпул на гостувањето кај ВБА со 2-2, а притоа имаше и еден незгоден момент.

Во една ситуација од средбата Египјанецот Ахмед Хегази при дуел со Ингс го повлече за дресот фудбалерот на Ливерпул, по што и обајцата паднаа на теренот, но, при падот Хегази го удри својот противник силно во телото, а ова не само што мина незабележано од главниот арбитар Стјуарт Атвел, туку ВБА доби и прекршок во оваа ситуација.

ФА дефинитивно ќе го разгледа овој доста контроверзен момент од средбата а се очекува и голема казна за египетскиот фудбалер.