24фудбал

Трајковски со гол и асистенција го предводеше Палермо до триумф над Авелино (ВИДЕО)

Александар Трајковски доби место во форот и со гол и асистенција го предводеше Палермо до триумф од 3-0 над Авелино

Македонија

„Сицилијанците“ ќе мораат да се снаоѓаат без повредениот Илија Несторовски, и во отсуство на капитенот, Александар Трајковски доби шанса во форот. Македонецот уште еднаш покажа дека заслужува поголема минутажа и со гол и аситенција го предовдеше Палермо до победа од 3-0 над Авелино.

Коронадо од белата точка ги донесе домаќините во предност од 1-0, а на стартот од вториот дел Трајковски му асистираше на Ла Гумина за 2-0. Во 73. минута, репрезентативецот на „Црвено-жолтите“ прецизно биеше од 11 метри за 3-0.