24фудбал

Санчез и Ерера го однесоа Манчестер јунајтед во финале на ФА Купот (ВИДЕО)

Тотенхем поведе на Вембли но „Црвените ѓаволи“ со головите на Алексис Санчез и Андер Ерера направија пресврт и ќе се борат за трофеј во најстарото фудбалско натпреварување во светот

Англија

Mанчестер јунајтед е прв финалист во ФА Купот, избраниците на Жозе Мурињо вечерва со 2-1 триумфираа над Тотенхем.

„Спарси“ одлично го започнаа мечот и поведоа преку Деле Али во 11. минута. Сепак, „Ѓаволите“ брзо одговорија, на асистенција на Погба, Санчез реализираше за 1-1 во 24. минута.

Избраниците на Мурињо потоа во вториот дел успеаја да го свртат резултатот во своја корист. Лукаку не смири добро едно додавање од Санчез, но топката му се намести одлично на Ерера кој погоди за 2-1. Тотенхем се обидуваше да се врати, но ниту еднаш по сериозно не се закани по голот на Де Геа.