24фудбал

Сосема заслужено, Салах е избран за Играч на годината во Премиерлигата

Мохамед Салах го победи Кевин Де Брујне до признанието најдобар поединец во Премиерлигата, фудбалерот на Ливерпул има фантастична сезона

Англија

Египјанецот не се снајде под водство на Жозе Мурињо во Челси, но доби нова шанса да покаже што знае и умее во Англија откако Ливерпул и Јирген Клоп искешираа 50 милиони евра за неговите услуги минатото лето.

„Црвените“ и Германецот не погрешија, Мохамед Салах има фантастична сезона со 31 погодок зад своето име, со кои собори неколку рекорди, а може да испише уште неколку нови страни во фудбалската историја на „Островото“.

И покрај тоа што Манчестер Сити доминираше во Премиерлигата, фудбалерите му оддадоа признание на Мо Салах за извонредните партии и го избраа за Играч на годината пред Кевин Де Брујне. Во конкуренција за оваа престижна индивидуална награда уште беа и Давид Силва, Лерој Сане, Хари Кејн и Давид Де Хеа.