24фудбал

Алегри бесен на критиките: Секоја година играме по 57 натпревари, другите од Европа отпаѓаат уште во декември!

Не му беше лесно на Масимо Алегри по поразот од Наполи, на прес конференцијата објаснуваше зошто неговиот тим има пад во финишот од оваа сезона.

Италија

Јувентус синоќа загуби на свој терен од Наполи и ризикува да го загуби и Скудетото. Старата Дама има потежок распоред од Наполитанците, па нема да биде изненадување ако Италија добие нов шампион.

Алегри беше нервозен по поразот од Наполи, гневот дополнително му го навлекоа незгодните прашања на кој стратегот знаеше како да им одговори.

„До минатата недела бевме во Лигата на шампионите, и играме во финалето на Купот на Италија. Четири години по ред како играме по 57 натпревари годишно. Колку играат другите тимови? До декември тие се елиминирани од сите натпреварувања!“, вели Алегри.

„Не е лесно да се биде ниту во финалето од Купот на Италија, а ние сме таму четири години по ред. Во Лигата на шампионите бевме во две финалиња. А другите уште во ноември се готови. Вие ме натеравте да го загубам трпението, а имам трпение дури и за продавање“, нервозниот тренер им се обрати луто на новинарите.