24фудбал

Барди скромен по двата гола на „Сан Мамеш“: Среќен сум бидејќи моите голови му помогнаа на тимот

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди вчера беше главен во победата на Леванте над Атлетико Мадрид и тоа со два мајсторски гола од слободен удар во рок од две минути.

Шпанија

По тоа што го направи на „Сан Мамеш“, Барди беше главна вест во шпанските медиуми. Македонскиот фудбалер не лета во облаци, напротив беше скромен во своите изјави.

„Освоивме три многу важни бодови на гостински терен и одигравме многу добар меч. Дојдовме тука да го дадеме најдоброто и да победиме и го направме тоа“, вели Барди.

„Головите? Среќен сум што тие му помогнаа на тимот. Соиграчите ми помогнаа мене да се вратам на нивото откако се вратив во тимот. Леванте има верба во мене и јас ќе направам се за да покажам дека можам да играм добро“.

„Пет победи од седум меча со новиот тренер Пако Лопез? Имаме одличен тим, како фамилија сме и играме многу добро со овој тренер. Сега мислиме на трите бода против Севиља“.