24фудбал

Признание какво што не добил никој друг, Франс Фудбал му се извини на магионичарот Иниеста!

Андрес Иниеста ги одработува последните денови од кариерата во Барселона и пред да започне нова авантура доби ново признание во форма на извинување од Франс Фудбал што никогаш не му ја доделиле „Златната Топка“

Шпанија

Шпанецот иако во октомври потпиша доживотен договор со „Каталонците“, ќе го напушти Камп Ноу по 15 години поминати во првиот тим и уште седум во младинските школи на „Ла Масиа“.

Се очекува Андрес Иниеста да се пресели на Далечниот Исток, а пред да ја започне авантурата во Кина доби ново признание, реномираниот магазин Франс Фудбал му се извини поради тоа што никогаш не му ја доделил престижната индивидуална награда „Златна Топка“.

„Извини Андрес – на шпански, а не на француски, е насловот на текстот кој го напиша директорот на Франс Фудбал, Паскал Фере, кој упати еден куп пофалби на адреса на ѕвездата на Барса и ја остави вратата отворена за Иниеста да добие „Златна Топка“ доколку ја предводи „Црвената фурија“ во триумф на мундијалот во Русија.

„Тој е најдобриот креатор на сите времиња, и додека другите комплицираа, тој се правеше поедноставно, се забавуваше 15 години, без никаква самобендисаност и само со намера да го направи фудбалот пожив. Талентот на Инеста е инвентивноста на теренот, без него, на Меси сигурно ќе му здосадеше многу побрзо во Барселона.

„Тоа што е несебичен само му одмогна да добие уште поголеми признанија. Тоа што никогаш нема добиено „Златна Топка“ е голема аномалија и навистина болно.

Андрес Иниеста до оваа индивидуална награда најблиску беше во 2010 кога на Шпанија и ја донесе првата титула од Светските првенства со голот во финалето против Холандија. Таа година, Шпанецот во гласањето заврши зад Лео Меси.