24фудбал

Ливерпул убедлив, на Рома и треба нова чудесна победа за пласман во големото финале (ВИДЕО)

Англискиот тим уште во првиот меч веќе го трасираше патот кон големото финале од Лигата на шампионите, но италијанскиот тим претходно покажа дека не смее однапред да се отпишува.

Лига на Шампиони

Ливерпул обезбеди убедлива победа од 5-2 на домашен терен против Рома, во првата пресметка помеѓу овие две екипи од полуфиналето од Лигата на шампионите.

Домаќините со двата гола на Салах, најнапред во 36. а потоа во 45. минута замина со водство од 2-0, и покрај тоа што фудбалерите на Рома добро парираа на своите ривали на теренот.

Во второто полувреме тимот на Јирген Клоп ја наполни мрежата од голот на гостите, па најпрво Мане во 56. минута зголеми на 3-0, а Фирмино пет минути подоцна погоди и за 4-0. На 5-0 зголеми истиот фудбалер со својот втор гол на мечот, овој пат во 69. минута.

Џеко со голот во 81. минута намали на 5-1, а конечните 5-2 ги постави Пероти со голот од пенал во 85. минута. Интересно, на Рома ќе и биде потребна нова чудесна победа од најмалку 3-0 за пласман во големото финале, претходно, на реваншот против Барселона славеше со 3-0 откако на гости во првиот меч загуби со 4-1.


Ливерпул: Кариус, Ван Дијк, Ловрен, Милнер, Фирмино (Клаван 90'), Салах (Ингс 75’), Хендерсон, Мане, Окслејд-Чемберлејн (Вијналдум 18’), Робертсон и Александер-Арнолд.

Рома: Алисон, Наинголан, Жесус (Пероти 67’), Стротман, Џеко, Коларов, Де Роси (Гоналон 67’), Андер (Шик 46’), Фацио, Флоренци и Манолас.

Мечот на Енфилд го судеше германскиот арбитар Феликс Брих. Реванш пресметката во Рим на Олимпико се игра идната среда.