24фудбал

Сите зборуваат за Салах, но вечерва Милнер урна рекорд во Лигата на шампионите

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер го урна рекордот по број на асистенции во Лигата на шампионите во една сезона.

Лига на Шампиони

Во единствениот гол во кој не учествуваше Салах, Милнер му асистираше на Фирмино за водство на Ливерпул од 5-0.

Тоа за Милнер беше деветата асистенција во Лигата на шампионите оваа сезона со која го урна рекордот на Руни и Нејмар кои имаат по осум асистенции.

Фудбалери со најмногу асистенции во ЛШ во една сезона:

9 - Џејмс Милнер (Ливерпул) 2017/2018

8 - Вејн Руни (Манчестер јунајтед) 2013/2014

8 - Нејмар (Барселона) 2016/2017

7 - Фирмино (Ливерпул) 2017/2018

7 - Рајан Гигс (Манчестер јунајтед) 2006/2007

7 - Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ) 2012/2013

7 - Чави Eрнандез (Барселона) 2008/2009