24фудбал

Рамос во елемент, по Мурињо „удри“ и по Франс Фудбал: Доколку Инеста се викаше Андресињо...

Серхо Рамос очигледно не се штедеше по победата над Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите, па упати критики и до Франс Фудбал

Шпанија

Капитенот на Реал Мадрид откако упати провокација до Жозе Мурињо, истото го стори и со реномираниот магазин од Франција.

Причина за реакцијата на Серхио Рамос е извинувањето кое Франс Фудбал оваа недела го упати до Андрес Иниеста, директорот со специјален текст изрази жалење што никогаш не му ја доделиле „Златната Топка“ на фудбалерот на Барселона, кој е на крајот од кариерата на Камп Ноу и треба да започне нова авантура во Кина.

„Доколку Андрес се викаше Андресињо сигурно ќе добиеше две „Златни Топки“ во кариерата“ – порача дефанзивецот.