24фудбал

На Интер и Јувентус им гори па „Дербито на Италија“ урива рекорди

Медиумите од „Чизмата“ пишуваат дека пресметката помеѓу Интер и Јувентус на Џузепе Меаца ќе биде историска, се очекува за прв пат да се инкасираат над 5 милиони евра од продажба на билети

Италија

Дуелот на лутите ривали Интер и Јувентус ќе биде од огромна важност, на „Нероаѕурите“ им требаат три бода во трката за Лигата на шампионите, додека пак „Старата Дама“ ќе бара победа во обид да ја задржи предноста во однос на Наполи во битката за Скудетото.

Иако се уште нема официјална потврда дека „Дербито на Италија“ е распродадено, весниците од „Чизмата“ пишуваат дека Џузепе Меаца ќе биде исполнет до последното место и пресметката ќе биде историска.

Се очекува од продажба на билети да се инкасира 5 милиони евра, со што ќе се собори рекордот кој претходно изнесуваше нешто над 4,8 милиони евра поставен на градското дерби помеѓу Интер и Милан кое се одигра на 15. октомври минатата година.