24фудбал

Буфон објасни зошто заедно со своите соиграчи не ги поздравија фановите по поразот од Наполи

Голманот на италијанскиот првак мораше да ја објаснува спорната ситуација.

Италија

Јувентус имаше можност пред своја публика да го оддалечи својот ривал од загрозување на првото место во Серија А, но, наместо тоа загуби минимално со 0-1 на домашен терен од Наполи, со тоа што си ја загрози одбраната на титулата.

Џанлуиџи Буфон, легендарниот голман на тимот од  Торино ја објасни ситуацијата која се случи по крајот на мечот, кога тој и неговите соиграчи не отидоа крај трибинскиот простор да ги поздрават фановите.

Многу ни е важно тоа што не поддржувате во еден ваков период, во ваква ситуација се најдовме бидејќи направивме нешто што не смеевме да го направиме. Сакаме да бидете горди на нас, до крајот. Не ве поздравивме не затоа што бевме премногу лути, отидовме да разговараме со противникот, што е традиција, сеедно дали ќе загубиме или победиме. Не застанавме пред трибината да ве поздравиме бидејќи бевме разочарани, не ни сфативме што се случува...“ рече Буфон.

Јувентус има само бод предност пред Наполи, Старата дама претстојниов викенд гостува кај Интер, додека пак неговиот ривал гостува кај Фиорентина каде се очекуваат неколку илјади гостински фанови.