24фудбал

Салах: Топки правев од чорапи

Египјанецот негувал голема љубов кон фудбалската игра, а често знаел умешно да се снајде како да си направи фудбалска топка за да игра со истата во неговото детство.

Останато

Мохамед Салах изминатиов период е во центарот на вниманието кај големите љубители на фудбалската игра, а има зошто, причината е едноставна, фудбалерот на Ливерпул игра во животна форма, па со право може да се каже дека може да се вброи помеѓу најдобрите.

Салах потекнува од сиромашно семејство, имал голема желба да стане фудбалер, а памети дека на 14 годишна возраст неговиот најдобар пријател му посочил дека ќе биде најдобар на светот, инаку, неговата голема љубов кон оваа игра ја негувал правејќи топки од чорапи за време на неговото детство.

Топки правев од чорапи, играв со својот брат и пријателите. Мојот брат не беше толку талентиран за фудбалската игра како мене, но, паметам дека кога имав 14 години, најдобриот пријател ми рече дека ќе бидам најдобриот на светот“ издвои Египјанецот.