24фудбал

Манчестер јунајтед сака да купува во Саутемптон

Португалскиот репрезентативец се споменува како замена за Антонио Валенсија.

Англија

Антонио Валенсија си го направи своето во Манчестер јунајтед, а за 32 годишниот фудбалер кој игра на десната бековска позиција со додатни офанзивни задачи, тимот од Олд Трафорд веќе почна да бара и идеална замена.

Како една од опциите кои се споменуваат низ англиските медиуми е фудбалерот на Саутемптон, 26 годишниот Седрик Соареш, кој во Премиерлигата пристигна пред две сезони од редовите на Спортинг Лисабон за сума од седум милиони евра.

Манчестер јунајтед има опција да го продолжи договорот на Валенсија кој има важност до идното лето, истото веќе го стори со Ешли Јанг, а Соареш има договор со Саутемптон до 2020. година, но извесно е дека ќе си замине по крајот на актуелната сезона.

Саутемптон го очекува тешка битка за опстанок во елитното друштво на Англија, на три меча до крајот има четири бода негатива зад Свонси на позицијата која носи опстанок, а ќе може секако добро да заработи на евентуална продажба на Соареш кој истовремено се наоѓа и на листата на желби на Манчестер Сити.