24фудбал

Пичини си заминува од Спортинг Лисабон, Ристовски е одлична солуција, пишуваат во Португалија

Португалските медиуми дадоа позитивни оценки за нашиот репрезентативец.

Македонија

Се поизвесно е дека Кристиано Пичини, италијанскиот дефанзивец кој е прва опција кај Жорге Жесус во Спортинг Лисабон на десната бековска позиција ќе си замине од Спортинг Лисабон претстојниов летен трансфер преоден рок.

Засега најреалното решение за португалската екипа на таа позиција е токму нашиот Стефан Ристовски кој доби одлични оценки за досега одработените задачи на своите настапи, за тоа пренесоа и дел од тамошните медиуми.

Стефан Ристовски дава позитивен одговор на шансата која му се укажува, се презентира во одлична солуција, со голем капацитет ист каков и Пичини (особено во офанзивните задачи по десната страна)пишува „Рекорд“ во денешното издание.