24фудбал

Почетни состави за вечерашните први пресметки во полуфиналето од Лига Европа

Четирите полуфиналисти на мегдан во првите битки на патот до големото финале.

Лига Европа

Вечерва во терминот од 21,05 часот се играат првите полуфинални пресметки во Лига Европа, каде се среќаваат Олимпик Марсеј – Салцбург, односно Арсенал – Атлетико Мадрид.

На дуелот во Марсеј, домаќините ќе играат со еден класичен напаѓач, голови ќе се очекуваат најмногу од Ммитроглу, веднаш зад него ќе игра Паје. Гостите пак играат со двајца напаѓачи.


Олимпик Марсеј: Пеле, Окампос,  Сансон, Паје, Митроглу, Сар, Амави, Густаво, Рами, Товин и Лопез.

Салцбург: Валке, Хаидара, Чалета-Чар, Самасекоу, Дабур, Волф, Бериша, Рамаљо, Улмер, Хванг и Лаинер.

Мечот во Франција ќе го суди шкотскиот арбитар Вилијам Колум.

Сите очи вечерва ќе бидат вперени во Лондон, Арсенал стартува со Лаказет во нападот, а веднаш зад него се наоѓаат Велбек и Озил како полушпицови, на спротивната страна голови ќе се очекуваат од Гамеиро и Гризман.


Арсенал: Оспина, Кошчиелни, Ремси, Лаказет, Вилшир, Озил, Монреал, Мустафи, Велбек, Бељерин и Џака.

Атлетико Мадрид: Облак, Годин, Парти, Коке, Гризман, Њигез, Кореа, Вршаљко, Лукас, Гамеиро и Хименез.

Францускиот арбитар Клемент Турпин ќе ја дели правдата на оваа средба.