24фудбал

Фудбалер на Сандерленд ќе го пропушти дуелот со Фулам, неговиот тренер нема „поим“ каде е тој...

Колман искрено пред новинарите истакна дека нема претстава каде е неговиот фудбалер.

Англија

Утревечер се игра интересен меч помеѓу Фулам и Сандерленд во рамките на редовното 45 коло во англиската Чемпионшиплига.

На четири кола до крајот, домаќинот ќе се бори за победа која би му донела барем за момент второ место на табелата, кое води директно во Премиерлигата, а гостинот со евентуална победа ќе може да ја заживее опцијата за опстанок во лигата, која засега не е баш реална за очекувања, од причина што Болтон има шест бода предност.

Големо внимание на Островот, а и пошироко предизвика пресконференцијата која ја имаше Крис Колман, шефот на стручниот штаб на Сандерленд околу тоа дали неговиот фудбалер од средниот ред, Џек Родвел ќе настапи на средбата.

Ќе бидам искрен со вас, јас дури не ни знам каде е Џек, така да, тој нема да биде во комбинација за натпреварот“ изјави Колман пред новинарите во однос на фудбалерот кој има неделна плата од 70,000 фунти, а во моментов очигледно не е „достапен“ за својот тренер.