24фудбал

Ел Шарави: Дали можеме да направиме уште едно чудо? Докажавме против Барселона

Фудбалерот на Рома верува во капацитетот на италијанскиот тим.

Лига на Шампиони

Тешко дека некој веруваше во тоа дека Рома ќе ја анулира негативата од гостувањето кај Барселона со 4-1, и пред своја публика ќе слави со убедливи 3-0 и ќе избори место во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Италијанската екипа сега е пред нов голем предизвик откако загуби со 5-2 на првиот меч со Ливерпул, а имаше негатива и од дури 5-0.

Ел Шарави убедува дека Римската волчица може до ново чудо.

Ќе мораме да направиме уште едно чудо, нов, неверојатен кам-бек, ние докажавме дека можеме да го сториме тоа против Барселона, само ни се потребни исти перформанси за тоа да го повториме“ рече тој.