24фудбал

Барди посрамоти фудбалер на Севиља (ВИДЕО)

Македонецот беше забележителен во победата на Леванте.

Македонија

Леванте обезбеди победа од 2-1 над Севиља пред своја публика во синоќешниот дуел од редовното 35 коло во шпанската Примера, а нашиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот меч за домаќините.

Барди беше доста забележителен на теренот кај домаќините, а притоа имаше и еден потег по кој ги воодушеви фановите на Леванте, Македонецот крај аут линијата си поигра со Ленгле, а на неговиот потег се надоврза и Луна кој на средината на теренот изведе „рулет“.


Инаку, раководството на Севиља одлучи да му врачи отказ на италијанскиот стратег Винченцо Монтела по синоќешниот пораз кој влезе во сивилото на катастрофалната серија на тимот во изминатиов период.