24фудбал

Официјално: Фирмино потпиша нов договор со Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино потпиша нов долгогодишен договор со „црвените“.

Англија

Фирмино кој игра во одлична форма оваа сезона си ја обезбеди иднината во Ливерпул. Клубот го потврди продолжувањето на соработката.

„Одлуката беше лесна. Тука созреав со мојата работа и помошта на целиот тим, клубот се однесува одлично со мене. Многу, многу сум среќен“, вели Фирмино.

„Сакам да играм за Ливерпул. Фановите се одлични и фантастично е како не поддржуваат секогаш“.

Фирмино во Ливерпул дојде од Хофенхајм летото 2015 и досега има 140 настапи и 50 постигнати голови.