24фудбал

Ди Франческо: Да направиме копи-пејст од победата против Барселона

Италијанците веруваат во чудо, Барселона беше добар пример дека Рома може.

Лига на Шампиони

Рома утре вечер (20,45) на домашен терен на Олимпико го пречекува Ливерпул во реванш пресметката од полуфиналето од Лигата на шампионите, на гости италијанскиот тим загуби со 5-2.

Сите се сеќаваат како помина Барселона откако дома славеше со 3-0, но, на гости кај Рома загуби со 3-0 во еден фантастичен меч за избраниците на Еузебио  Ди Франческо, кој би сакал копи-пејс од мечот со Каталонците.

Би сакал да направиме копи-пејст од мечот со Барселона. Тука не мислам само на резултатот, туку и на психичката подготвеност на фудбалери и желбата за победа со која влеговме на мечот уште од првата минута“ истакна тренерот на Рома.