24фудбал

Наинголан: Можевме против Барселона, зошто да не и против Ливерпул?

Белгиецот навестува нова чудесна победа на италијанскиот калчолигаш.

Лига на Шампиони

Рома е пред нова мисија, ако претходната беше невозможна за тимот на Ди Франческо кој во првиот меч со Барселона загуби со 5-2 на Ноу Камп, истата ја направи возможна откако пред своја публика славеше со 3-0 и обезбеди место во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Сепак, во полуфиналето во првиот меч повторно забележа убедлив пораз, овој пат од Ливерпул на гости со 5-2, па ќе мора да го повтори чудото од победата против Барселона, нешто, во што верува и еден од најдобрите фудбалери на Римската волчица, Раџа Наинголан.

Веќе тоа го сторивме против Барселона, и тоа против фудбалери од типот на Меси и Суарез, ќе се обидеме да стигнеме до нов историски момент како победата против Барселона, ние со тоа покажавме дека сее можно“ истакна Наинголан.

Бевме многу тажни во соблекувалната по поразот од Ливерпул, но тренерот следниот ден ни рече Ние мораме да веруваме доколку сакаме успех. Тоа е сешто можеме да направиме“ додаде Белгиецот.