24фудбал

Мончи: Италија треба да го крене гласот, ова не е нормално, не ни свирнаа два пенали

Директорот на Рома, Мончи вели дека италијанскиот фудбал треба да го крене гласот поради лошата арбитража на нивните дуели и мечевите на Јувентус во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Рома победи со 4-2, им фалеше само еден гол за да го изедначат резултатот од првиот натпревар против Ливерпул, но не успеаја. Мончи смета дека се можело да биде поинаку доколку ги добиеле пеналите кои судијата не ги досудил.

„Тоа ќе променеше се. Во првиот меч примивме гол од офсајд, тука не ни досудија два пенали, од кои едниот е чист црвен картон“, вели спортскиот директор на Рома.

„Време е да го кренеме гласот, не само Рома, туку и Јувентус на ист начин настрада од Реал Мадрид. Италијанскиот фудбал треб ада го крене гласот бидејќи тоа што го видовме денес беше шокантно“.

„Момците играа со целото срце пред фановите. Треба да му честитаме на Ливерпул за финалето, но исто така треба да кажеме како тоа се случи“.

„На Енфилд третиот нивни гол беше офсајд, тука не ни досудија два чисти пенали. Јас сум Шпанец. Дојдов тука пред една година, но мислам дека е време италијанскиот фудбал да го крене гласот бидејќи ова веќе не е нормално“.

„Не разбирам зошто ВАР не се користи во најважното клупско натпреварување во светот. Не го разбирам тоа“.

„Не зборувам за економскиот момент само, туку и за пасијата и напорната работа. Момците во соблекувалната беа навистина лути, дадовме 100% во второто полувеме, беа одлични“.

„Мора да воведеме ВАР во Лигата на шампионите бидејќи е фундаментално. Не знам зошто УЕФА не го сака тоа. Мислам дека навистина е неопходно, фановите можеби се шегуваат дека во финалето ќе играа Баерн и Рома доколку имаше ВАР, но тоа е и точно“.