24фудбал

Клоп: Ова беше луд меч, го заборавив резултатот, заврши 7-6, така?

Германскиот фудбалски стратег вели дека неговата екипа во целост заслужила пласман во финалето.

Лига на Шампиони

Ливерпул прогресираше во големото финале од Лигата на шампионите, иако загуби со 4-2 во реванш пресметката против Рома, влезе во финалната битка за европскиот трофеј против бранителот Реал Мадрид по домашниот триумф претходно од 5-2.

Јирген Клоп истакна дека натпреварот во Рим бил луд, а додаде дека неговата екипа во целост заслужила финале, од толку што бил добар мечот дури и резултатот го заборавил од двата меча вкупно.

Ова беше луд меч, тие влегоа во ризик а ние ги казнивме преку контра напади, постигнавме гол на гости што ни значеше многу. Го заслуживме пласманот во финалето 100%, момците го заслужија ова, со карактерот кој го покажаа, фудбалот кој го играат – тоа беше лудо. Го заборавив резултатот! Заврши 7-6, така?“ праша Клоп, а генерално, Ливерпул токму со резултатот 7-6 од двата меча ја елиминираше Рома.