24фудбал

Фудбалерите на Ливерпул со поддршка за навивачот кој се уште е во кома (ФОТО)

Никогаш нема да бидеш сам, му порачаа тие.

Лига на Шампиони

Ливерпул синоќа загуби со 4-2 од Рома во реванш пресметката во полуфиналето од Лигата на шампионите, но по домашната победа од 5-2, тимот на Јирген Клоп влезе во финалната битка за освојување на европскиот трофеј сезонава, каде ќе води голема битка со бранителот Реал Мадрид.

По првиот меч во Англија дојде до еден инцидент пред Енфилд, каде навивачи на италијанската екипа брутално претепаа навивач на Ливерпул, а тој од тогаш се наоѓа во кома.

Најпрво поддршка му упатија фудбалерите на Рома кои на вчерашниот тренинг излегоа со маички на кои имаше натпис со поддршка за навивачот Шон Кокс, синоќа по крајот на мечот поддршка му дадоа и фудбалерите на Ливерпул.