24фудбал

Триото од Ливерпул испиша нов рекорд во Лигата на шампионите

Падна рекордот кој претходно беше поставен од напаѓачкото трио на Реал Мадрид.

Лига на Шампиони

Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане во досегашните настапи од Лигата на шампионите сезонава постигнаа 29 погодоци, со што поставија нов рекорд во ова елитно европско клупско натпреварување. Зад името на Салах и Фирмино стои бројката од десет постигнати погодоци, Мане постигна девет.

Претходно, рекордот го имаа поставено триото од Реал Мадрид, Роналдо, Бејл и Бензема кои во сезоната 2013/14 постигнаа 28 погодоци. Роналдо тогаш постигна 17, Бејл 6, додека Бензема 5.