24фудбал

Ван Дијк за судиските неправди кон Рома: Кому му е гајле, ние сме во финалето (ВИДЕО)

Холандскиот дефанзивец не сакаше да ги коментира судиските одлуки кои ја оштетија Рома.

Лига на Шампиони

Марсело призна дека играл со рака во казнениот простор, со тоа што истакна дека имало пенал за Баерн Минхен, но, на Вирџил Ван Дијк сеедно му беше каква била арбитражата од синоќешната реванш пресметка помеѓу Рома и Ливерпул.

Кому му е гајле? Ние сме во финалето“ рече Холанѓанецот по мечот на барањето на новинар да ја коментира судиската арбитража од средбата, наведувајќи ги спорните ситуации, како на пример двата пенали кои беа очигледно, но не и досудени.