24фудбал

И Леброн Џејмс заработи на пласманот на Ливерпул во финалето од ЛШ

Американскиот кошаркар инвестираше на добар основ во англискиот тим.

Лига на Шампиони

Инвестицијата на кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс во англискиот Премиерлигаш Ливерпул со 2% се покажа исплатливо за Американецот.

Американските медиуми пишуваат дека Џејмс по влезот на Ливерпул во големото финале од Лигата на шампионите добил заработка од 6,7 милиони долари.

Џејмс влезе со инвестиција од 2% во акциите на Ливерпул во 2011. година преку својата маркетинг компанија, која пак ги вложи парите во друга компанија во чие сопствеништво е Џон Хенри, првиот човек на Ливерпул, сега се здоби со одличен профит од успехот на оваа екипа.