24фудбал

Рамос не се плаши од Салах: Сум играл против напаѓачи кои се помеѓу најдобрите на сите времиња

Ливерпул е последната пречка за бранителот на европскиот трофеј Реал Мадрид во големото овосезонско финале од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Мохамед Салах игра во животна форма во дресот на Ливерпул, но, кај капитенот на Кралевите, Серхио Рамос, не постои страв од Египјанецот, вели, тој ќе биде само еден од единаесетте фудбалери на противникот, ништо повеќе од тоа.

Видовме што може Салах да стори оваа сезона, но тој е само еден од единаесетте фудбалери на Ливерпул, во мојата кариера сум имал натпревари против најдобрите офанзивци во светот, многу од нив беа помеѓу најдобрите на сите времиња“ вели Рамос.

За мене, не постои страв, почит, да, но страв воопшто“ додаде тој.

Големото финале од Лигата на шампионите оваа сезона се игра во Киев на 26 мај.