24фудбал

Левандовски не изгледаше среќно по одлуката на Хајнкес да го извади од игра (ВИДЕО)

Полскиот напаѓач разочарано го напушташе теренот.

Германија

Шампионот на германската Бундеслига, Баерн Минхен славеше на гостувањето кај Келн денес во рамките на 33 коло, претпоследно сезонава, а први до водство дојдоа домаќините.

Левандовски постигна еден од погодоците на победничкиот табор, а полскиот напаѓач не изгледаше баш среќно  по одлуката на Јуп Хајнкес да го извади од игра во 74. минута.

Левандовски со 29 погодоци е прв стрелец во Бундеслигата сезонава, и е далеку во однос на своите ривали во таа конкуренција.