24фудбал

Српски судија ќе го суди финалето од Лигата на шампионите

Најдобриот српски судија, Милорад Мажиќ ќе ја има честа да го суди последниот натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона кој ќе се игра во Киев.

Лига на Шампиони

УЕФА одлучи Мажиќ да ја дели правдата на мечот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Асистенти ќе му бидат Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ, судии зад голот се Ненад Ѓокиќ и Данило Груќи, а четврти судија, Клемен Турпан од Франција.

Ова финале ќе биде најголемиот меч во судиската кариера за Мажиќ, претходно го судеше Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Севиља како и финалето на Купот на конфедерациите меѓу Германија и Чиле.

Финалето од Лигата на шампионите се игра на 26. мај во Киев.