24фудбал

Иниеста му го подари дресот од последното Ел Класико за него, Рамос испрати порака на социјалните мрежи

Соиграчите од шпанскиот национален тим си покажаа голема меѓусебна почит.

Шпанија

За Андрес Иниеста големото дерби во Шпанија, или популарното Ел Класико кое заврши со нерешен резултат 2-2, беше последно во неговата кариера во дресот на Барселона.

Интересно, долгогодишниот фудбалер на тимот од Камп Ноу одлучи да не го задржи дресот од тој меч со Реал Мадрид за себе, туку, му го подари на капитенот на ривалскиот тим, Серхио Рамос, инаку, негов долгогодишен соиграч од шпанскиот национален состав.

Рамос возврати со една порака до него на социјалните мрежи.

За мојот соиграч, ова е за нашите многу заеднички моменти, но и како ривали на теренот. Ти благодарам и среќно!“ напиша фудбалерот на Реал Мадрид.