24фудбал

Шок за Бразил, Алвеш отпаѓа од комбинација за настап на Мундијалот?

Бекот имаше една незгодна повреда во финалето од францускиот Куп.

Франција

ПСЖ дојде до победничкиот пехар во францускиот Куп откако во синоќешното финале славеше со 2-0 против третолигашот Лез Ербие, сосема очекувано.

Сепак, Дани Алвеш на четири минути пред истекот на регуларниот период од мечот во Париз мораше да го напушти теренот поради повреда, а се чини дека ситуацијата околу повредата воопшто не е наивна.

Се чини дека Бразил ќе остане без својот искусен бек кој извесно е дека нема да биде во комбинација за настап на Светското првенство во Русија кое се одржува идниот месец.