24фудбал

Хамбургер за прв пат испадна од Бундеслигата, навивачите тешко го прифатија тоа (ВИДЕО)

На 24. август 1963 година се одигра првиот натпревар во Бундеслигата, Хамбургер отогаш па досега беше член на елитната германска фудбалска лига, но од следната сезона нема да биде.

Германија

Хамбургер за прв пат испадна од Бундеслигата, денеска го совладаа тимот на Менхенгладбах со 2-1, но триумфот на Волфсбург од 4-1 над Келн значеше нивно испаѓање.

На трибините беа 57.000 фанови кои го испратија Хамбургер во втората лига, но голем дел од нив во неколку наврати го искажуваа својот револт. 

Најголемиот инцидент се случи пред самиот крај на мечот кога ултрас навивачите на тимот запалија бакли со црн чад и дел од нив фрлија на теренот.

Интервенираше полицијата која излезе на тревата, судијата отсвири крај, а фудбалерите брзо заминаа во соблекувалните.

Покрај Хамбургер, во втората лига испадна и Келн, а Волфсбург ќе игра во баражот за опстанок.

Што се однесува до горните позиции, интересна беше битката за местата кои водат во Лигата на шампионите. Таму следната сезона ќе играат Баерн Минхен, Шалке, Хофенхајм и Борусија Дортмунд. 

Последниот воз го испушти Баер Леверкузен кој ќе настапува во Лига Европа заедно со Лајпциг и Штутгарт.