24фудбал

Ако Примера се играше само во последните десет кола, Леванте ќе беше шампион! (ФОТО)

Тренерската промена го препороди Леванте до тој степен што тимот во кој игра Енис Барди е во најдобра форма од сите екипи во Шпанија во последните десет кола.

Шпанија

Леванте водеше битка за опстанок, а Барди беше во немилост на тренерот. Раководството на клубот реши да направи промена, на кормилото го стави Пако Лопез Фернандез кој направи неверојатен препород на тимот.

Барди се врати во првиот тим и во овој период даде пет гола покажувајќи каде му било местото. Македонскиот фудбалер има вкупно девет погодоци од кои два и даде вечерва на Барселона.

Формата на Леванте е дотолку импресивна што ако се направи табела од последните десет натпревари ќе се види дека овој тим е на првото место со осум победи, едно реми и само еден пораз. Тимот на Енис Барди игра подобро од гигантите како Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.