24фудбал

На фановите на Јуве им здосади да слават Скудета, погледнете како изгледа плоштадот во Торино! (ФОТО)

Јувентус денеска завери ново Скудетото, седмо по ред со што урна рекорд и стана единствениот тим кој седум пати во низа станувал шампион на Италија, но навивачите на овој тим како да се презаситени од славење.

Италија

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери кој работи за beIN Sports и е дописник за CNN, излезе со интересен твит кој можеби ќе изгледа и навредливо за навивачите на Јувентус.

Тој по мечот на Јувентус кај Рома објави фотографија од плоштадот во Торино на која има едвај стотина луѓе а „Старата Дама“ вечерва ја завери седмата круна по ред и постави рекорд во италијанскиот фудбал.

„Фотографија од главниот плоштад во Торино по 10 минути откако Јувентус го освои 34. скудето и стана рекордер со седум титули во низа“, напиша Танкреди Палмери и ја објави сликата.