24фудбал

Барди: Сонував да и дадам гол на Барселона

Енис Барди повторно е во центарот на вниманието откако синоќа два пати ја затресе мрежата на Барселона, постигна два прекрасни гола, едниот со десна, другиот со лева нога.

Шпанија

Македонскиот репрезентативец игра фантастично откако на клупата седна Пако Лопез, во овој период постигна пет гола, вкупно девет оваа сезона, а два од нив беа синоќа против Барселона во мечот кој Леванте го доби со 5-4.

„Овој тим е многу добар, можеме да победиме било кого. Ова беше одлична вечер за нас. Тешко ни беше бидејќи игравме против Барселона, но победивме и сум многу среќен“, вели Барди.

„Одигравме многу добро, со голема самодоверба. Среќен сум за головите. Сонував да постигнам гол против Барселона и да му помогнам на тимот. Треба и наредната сезона да продолжиме со вакви игри“.

Доколку се земат во предвид само последните десет натпревари, Леванте е најдобриот тим во Примера.

„Ни недостасуваше нешто кое сега го имаме, верба. Ова е одлична група и тоа е причината поради која победуваме“.