24фудбал

По двата гола против Барса, Барди утрово имаше емотивна средба со својот прв тренер (ВИДЕО)

Енис Барди вчера против Барселона имал посебна мотивација, од трибините го гледал неговиот прв тренер во Македонија, Бедри Салиу од Шкупи

Македонија

Македонецот можеби не постигна гол од слободен удар за да го изедначи рекордот на Лео Меси, но затоа пак два пати ја тресеше мрежата на Тер Штеген и беше еден од најзаслужните за големата победа на неговиот Леванте од 5-4 против „Каталонците“.

Енис Барди за овој меч имал и посебна мотивација, од трибините на Сиутат де Валенсија го гледал неговиот прв тренер Бедри Салиу. Утрово искусниот стратег го посети и тренингот на Леванте и имаше емотивна средба со својот поранешен пулен.


Леванте за услугите на Еис Барди плати околу 1,5 милиони евра, па со девет погодока до овој момент и делба на првото место најдобар стрелец, тој е повеќе од исплатлива инвестиција. Македонецот особено ги импресионираше сите во Шпанија со својата техника за изведување слободни удари, и со пет гола од прекин веќе влезе во историјата на Леванте, а си обезбеди и место помеѓу легендите на Ла Лига како Меси и Роналдињо.

Дека ова не е случјано, Бедри Салиу им открил на новинарите од Шпанија дека Енис Барди уште како младинец на тренинзите на Шкупи погодувал три пати од четири обиди од слободен удар.